Група на FB: www.facebook.com/Stop.pedofilija Профил на FB: www.facebook.com/Stop.Pedofilija.MK
СТОП ПЕДОФИЛИЈА
Во ова време кога сексот повеке не е табу тема, нашите деца се повеќе се изложени на сексуална злоупотреба. Секое дете е потенцијална жртва.
Повеќето случаи на сексуална злоупотреба на деца остануваат непријавени, прикриени преку молчење и страв.
Затоа е потребно секој граѓанин да има храброст да истапи и да го заштити најголемото богатство, детето.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се блиски на семејството и во кои децата имаат најголема доверба, најчесто се потенцијални сторители на сексуална злоупотреба.
Родителите низ отворена комуникација, треба да ги запознаат своите деца и да научат како да се справат со проблемот на децата, давајќи им целосна подршка.
Децата треба да бидат охрабрени да кажат „НЕ”.
Затоа треба сите заедно да се избориме и да ги заштитиме нашите деца од сексуална злоупотреба и педофилијата.